Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Далечна војна на блискиот Исток – ризикот од закани во земјава е зголемен од ниско на средно ниво

/

пред 1068 дена

Сподели преку :

Далечна војна, но повторно носи ризик. По почнувањето на војната меѓу Израел и Хамас, степенот на безбедносен ризик од закани е зголемен од ниско на средно ниво, потврди Златко Апостолоски, националниот координатор за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам. Тој рече дека и нивото на активностите на безбедносните служби е подигнато повисоко.

Опасноста е од дополнителна ексалација на боиштето на Блискиот Исток и од траењето на војната. Апостолски е дециден дека Хамас е терористичка организација која направила терористички напад, но дека политичките одлуки и состојби во Израел и во Газа не се земаат предвид при анализа на ризиците за Македонија. Ризикот постои и активности можат да се појават неочекувано, како и нападот на ХАМАС, а засега, во македонски услови, тоа е појава само на социјалните мрежи.

Како пример, Апостолски ја спомена Босна, каде во нејзиниот ентитет Федерацијата на Босна и Херцеговина, граѓаните масовно ја поддржувале Газа и со протести го докажале тоа. Но, за спречување на ризиците, остварена е регионална соработка за размена на информации за екстремисти и нивни активности.

Миомир Серафиновиќ