Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Дали Америка сè уште е на прво место или Израел? – шефот на иранската безбедност Лариџани со прашање до Трамп

/

пред 219 дена

Сподели преку :

Иранскиот шеф за безбедност Али Лариџани го предупреди американскиот претседател Доналд Трамп дека поради смртта на ајатолахот Али Хамнеи „ќе плати висока цена“.

Во објава на платформата Икс, Лариџани му порача на Трамп дека „го вовлекол американскиот народ во кукавичка војна со Иран“, откако, како што тврди, „бил под влијание на кловновските испади“ на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

„Сега да пресметаме: дали со над 500 загинати американски војници во само неколку денови, Америка сè уште е на прво место или Израел?“, праша Лариџани.

Лариџани во август беше назначен за секретар на Врховниот совет за национална безбедност. Низ кариерата извршуваше високи функции, останувајќи лојален на ајатолахот Хамнеи и градејќи репутација на личност која има прагматични односи со често спротивставените фракции во системот.