Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Дали разрешувањето на членовите на Судскиот совет е противуставно?

/

пред 663 дена

Сподели преку :

Разрешувањето на членовите на Судскиот совет што се избираат од Собранието би било целосно спротивно на Уставот и меѓународните стандарди, реагира професорот Денис Прешова, откако беше најавено дека петмина членови во новата година ќе се соочат со разрешување.

Собранието не го усвои извештајот за работа на Советот, по што беше најавено дека членовите кои се назначени со пратенички гласови ќе бидат отповикани во Комисијата за именување и назначување.

Професорот лично смета дека постојат многу основи за повикување на одговорност на овие пет, како и некои други, членови на Судскиот совет, но сепак вели дека тоа не може да биде оправдување за противправно постапување.

Проблем, вели професорот е и опозицијата, „која нема никаков кредибилитет да се спротивставува на сето ова бидејќи тие претходно директно учествуваа во ре-заробувањето на овие институции, па поради тоа мнозинството има бришан простор пред себе“.

Од мнозинството, пак, тврдат дека членовите на Судски совет прават параван зад кој се затскриваат многу други постапки, и затоа мора да сносат одговорност.

Судскиот совет е составен од 15 члена, од кои тројца ги избира  Собранието со Бадентерово мнозинство. Другите двајца ги предлага претседателот на државата, но изборот го врши Собранието.

Осум члена, пак, избираат судиите од своите редови на непосредни избори.  Двајца се само по функција членови, може да присуствуваат на седници, но немаат право на глас, тоа се претседателката на Врховниот суд и министерот за правда.

Во постојниот состав, од пратениците се именувани судиите Весна Дамева, Павлина Црвенковска, Тања Чачарова, Селим Адеми и Миљазим Мустафа.

Далиборка Демјанска Цветановски