Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Дали Законот за нефер трговски практики ќе ги спушти цените на производите за уште 10 отсто?

/

пред 752 дена

Сподели преку :

Ќе се намалат ли цените на прехранбените производи за дополнителни 10 отсто со Законот за нефер трговски практики или трговците повторно ќе ги изиграат граѓаните.

Сите производи што се наоѓаат во есенската потрошувачка кошничка се опфатени и со овој закон, кој треба да се донесе до 29 септември.Тоа практично значи дека со законот кај производите чија маржа беше намалена за десет отсто ќе треба да падне за дополнителни 10.

Од ССМ сметаат дека мерката намалени маржи треба да трае цела есен за да има поголем ефект и се согласуваат дека доколку не се намалат прехранбените производи за дополнителни 10 отсто со донесувањето на законот, тогаш мерката нема да има голем ефект врз цените.

Вчера со став се огласија и од опозициската СДСМ. Од партијата велат дека владината мерка за ограничување на маржите на мал дел прехранбени производи, нема никаков ефект.

Со Законот за спречување нефер трговски практики, кој треба да стапи на сила за неколку дена, опфатени се над 2.000 прехрамбени производи.