Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ќе има ли поништување на измените на Кривичниот законик кој ги ослободи функционерите од сторен криминал во службата?

/

пред 610 дена

Сподели преку :

Уставните судии Ана Павловска Данева и Осман Кадриу ја оспоруваат одлуката на судијката Елизабета Дуковска, која смета дека Уставниот суд не треба да се произнесува по уставноста на измените на Кривичниот законик, особено во однос на амнестијата на обвинетите функционери за корупција.

Павловска Данева, која го оспорува законот, истиот го смета за неуставен и за лош во однос на владеење на правото, укажувајќи на разликите во примената на законите за различни кривични дела, што ги поставува граѓаните во нееднаква позиција.

За Кадриу, пак, овие измени де факто водат кон декриминализација на некои кривични дела.

Измените на Кривичниот законик, кои се донесени со европско знаменце и во забрзана постапка, значително ја намалуваат казнената одговорност за обвинети функционери за корупција, вклучувајќи ги и лицата како Никола Груевски, Сашо Мијалков и Игор Јанушев, што создава општа контроверзи во правниот и политичкиот простор.

Расправата е исцрпена. Откако ќе се минат сите други точки на дневен ред ќе се донесе одлука дали ќе се отпочне постапка за укинување или поништување на законските измени.