Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Данокот на гас кој го воведе Бугарија е непријателски акт, смета унгарскиот шеф на дипломатијата Петер Сијарто

/

пред 1068 дена

Сподели преку :

Транзитната такса за руски гас во висина од 10 евра за мегават час е акт на непријателство и сериозно ја загрозува безбедноста во снабдувањето со енергенси на Македонија, Србија и Унгарија, соопшти денеска унгарскиот шеф на дипломатијата, Петер Сијарто кој е во официјална постеа на државата.

Снабувањето со енергенси е од клучна важност за секоја држава и никој не смее тоа да го загрози, особено не со едностарана одлука без претходен договор. Токму затоа Унгарија веќе превзела конкретни чекори и на почетокот на неделава поведе прекршочна постапка против Бугарија во рамки на Унијата.

Тој најави дека македонската и унгарската влада ќе ги координираат следните чекори за да не се доведе во прашање и загрози снабдувањето со енергензи и енергетската безбедност на државите.

Министерот Османи кажа дека овој потег на Бугарија и штети на економијата и дека се преземаат чекори без да наведе точно кои.

Владата веќе извесен период бара од Бугарија да ги ослободи капацитетите за да може да се донесе гас и од други извори. За проблемот со давачката ја извести и Европската комисија, а известени се и од „Булгратрансгас“ и енергетската заедница. Проценките се дека Бугарија од таксата ќе заработи над една милијарда евра, а ако не се ослободат капацитетите, премиерот Ковачевски изјави дека загревањето и струјата ќе поскапат за 20 отсто, нешто што дел од експертите го негираа.

Огнен Чанчаревиќ