Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Данска воведе воен рок за жени – првата регрутација ќе се спроведува по пат на лотарија

/

пред 475 дена

Сподели преку :

Данска е третата скандинавска држава, по Норвешка и Шведска, која воведе воен рок за жени со исто времетраење како и мажите.

Законот беше едногласно усвоен во данскиот парламент, регрутацијата за прва женска генерација ќе почне во септември и ќе се спроведува по пат на лотарија. Одлуката се образложува, пред сè, со безбедносната ситуација по инвазијата на Русија врз Украина, но и за воспоставување на целосна родова рамноправност во општеството.

Данските државјанки досега можеа доброволно да се пријават за воена служба и учествуваа во воени операции во Ирак и во Авганистан. Норвешка беше прва меѓу скандинавските земји која воведе задолжителен воен рок за жени во 2013 година, а одлуката стапи на сила во 2015 година. Шведска, пак, донесе таква одлука во 2019 година.