Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ДДВ од пет на 10 отсто – голем дел од производите во маркетите поскапуваат за два до 10 денари

/

пред 1093 дена

Сподели преку :

Од денеска, цените на голем број производи во просек се зголемуваат од два до 10 денари во зависност од производот. Трговците веќе почнаа да постапуваат по новата владина одлука за зголемување на ДДВ-то од 5 на 10%.

На листата се најдоа и сладоледот, гумите за џвакање, чипсовите и гумените бонбони. Според вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи станува збор за производи кои се штетни за здравјето и не гледа причина зошто ДДВ-то да не се покачи. Но, на листата се најде и цвеклото, а Битиќи смета дека тука треба да има ревидирање на одлуката, но и за уште десетина производи.