Две деца се тешко повредени откако со мотор со кој управувале се судриле со автомобил, доцна синоќа во скопската населба Кисела Вода.
Сообраќајната несреќа се случила околу 23 часот на крстосницата од булевар „Борис Трајковски“ со улица „Есенинова“.
Неофицијално, двете деца се на возраст од 13 и 15 години и се од населбата Усје. Веднаш по несреќата пренесени се во болница.
Полицијата изврши увид на местото на несреќата. Повеќе детали се очекуваат денеска.











