Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Демонстрации во центарот на Рим во знак на протест против абортусот и евтаназијата

/

пред 851 дена

Сподели преку :

Масовни демонстрации низ улиците на центарот на Рим против законите за абортус и евтаназија.

Организаторите од здружението „Pro Vita & Famiglia“, здружение кое „го брани правото на живот од зачнување до природна смрт, го промовираа семејството основано на брак меѓу маж и жена.

Италијанската премиерка Џорџија Мелони, која водеше кампања со слоганот „Бог, татковина и семејство“, даде приоритет на охрабрувањето на жените да раѓаат деца за да се промени демографската криза во Италија.

Абортусот во Италија е легален од 1978 година, а премиерката од крајната десница Мелони ветуваше дека нема да го повлече законот, туку ќе се ангажира за целосно неговo спроведување .

Сепак, владата на Италија неодамна усвои нов закон.

Ова законско решение им  дозволува на групите против абортус, да имаат пристап до оние жени кои размислуваат за абортус, а веќе се во  во Центрите за јавно здравје на советување.

Целта е да влијаат на нивната одлука.

За оние од политичката десница, амандманот само ја исполнува првичната намера на законот од 1978 за легализирање на абортусот, кој вклучуваше одредби за обесхрабрување на постапката и поддршка на мајчинството.

За левичарската опозиција, одлуката ги елиминира правата за абортус, за кои противниците предупредуваа уште во 2022, по изборната победа на Мелони.

Мартин Трајчевски