Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Денеска е последниот транспорт на пациенти кои ќе се лекуваат во странство

/

пред 582 дена

Сподели преку :

Министерот за здравство Арбен Таравари информира дека денеска е последниот транспорт на пациенти од трагедијата во Кочани кои ќе се лeкуваат во странство. Како што посочи, во 11:30 часот за Шведска денеска ќе бидат пренесени двајца пациенти, а после пладне уште тројца пациенти. Тој напомена дека може да се очекува во текот на следните денови и враќање на одредени пациенти кои се лекуваат надвор од државата.

„Последниот транспорт на пациенти е денеска. Веќе нема да има лекување на пациенти надвор од државата, дури може да чекаме некои и да се враќаат во следните денови. Денеска има само за Шведска, и тука завршуваме. Веќе нема потреба за друигте пациенти да се лекуваат надвор од државата“, рече Таравари на денешната прес-конференција.