Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Денеска ќе се знаат првичните резултати за причините за стомачните тегоби кај учениците од „Димо Хаџи Димов“, две деца хоспитализирани

/

пред 316 дена

Сподели преку :

Две деца остануваат хоспитализирани на Детската клиника, а едно е пратено на домашно лекување.

Ваква е состојбата на основците од Димо Хаџи Димов кои со стомачни симтоми на повраќање и дијареа побарале помош од докторите.

На хоспитализираните деца во Детсската Клиника  состојбата им е стабилна. На преглед во изминатите два дена  дошле вкупно десеттина.  Меѓу децата кои побарале лекарска помош е и помалиот син на премиерот.

Првичните резултати ќе се бидат готови денеска, а за официјалните, процесот може да потрае и подолго.

Директорката на ИЈЗ, Марија Андоновска, потврди дека целата вечер се вршат лабораториски анализи на земените примероци од храна, вода, работни површини и од вработените во училишната кујна.

Случајот предизвика огромна загриженост меѓу родителите, откако голем број деца од училиштето се пожалија на симтоми на труење и веќе подолг период не посетуваат настава поради состојбата. Во текот на вчерашниот ден на некои од родителите им било јавено да ги земат децата од училиште, а некои и воопшто не ги пуштиле на настава.

К.К,