Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Денеска меѓународните набљудувачи со своја оценка за Локалните избори 2025

/

пред 363 дена

Сподели преку :

Денеска се очекува меѓународните набљудувачи да ги презентираат своите наоди за Локалните избори 2025 во Македонија.

Меѓународното набљудување на изборите е заедничка мисија на Канцеларијата за демократски институции и човекови права на ОБСЕ (ОДИХР), Конгресот за локални и регионални власти на Советот на Европа и Европскиот парламент.

Мисијата вклучува вкупно 276 набљудувачи од 40 земји, составени од 254 експерти и долгорочни и краткорочни набљудувачи на ОДИХР, 15 пратеници и службеници од Конгресот и седум од Европскиот парламент.

Се очекува да се обратат Матео Мекачи, шеф на Мисијата за набљудување на изборите на ОДИХР,  Гобнит Ни Вимнехан, шефица на делегацијата на Конгресот и Марта Темидо, шефица на делегацијата на Европскиот парламент.