Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Денеска пред Анкетната комисија поранешниот министерот за здравство Филипче и актуелниот Меџити

/

пред 1082 дена

Сподели преку :

За денеска закажана нова седница на Анкетната комисија формиана да ги испита наводите за скандалот кој ја тресе клиниката за радиотерапија и онкологија.

Пред пратениците изјава треба да дадат поранешниот и актуелниот минстер за здравство Венко Филипче и Фатмир Меџити откако вчера заврши разгледувањето на ревизорскиот извештај од страна на комисијата за финансирање и буџет.

Вчерашната комисија заврши со повеќе заклучоци меѓу кои одговорните на клиниката за онкологија да ги спроведат препораките на државниот ревизор од извештајот за 2021 година, и да изготват медицински протоколи за приклучување на пациенти на биолошка терапија, да спроведат попис на сите средства согласно правилникот за сметководство на буџетите и буџетските корисници.

Државниот завод за ревизија во март годинава објави ревизорски извештај, а во него, меѓудругото, се наведува дека се набавувала биолошка терапија, а немало доволно пари за тоа, немало ниту медицински протоколи, односно упатства со кои ќе се воспостават правила и критериуми за приклучување на пациенти на биолошка терапија.