Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Денеска средба Мицкоски – УПОЗ и КСС

/

пред 242 дена

Сподели преку :

Синдикатот на УПОЗ денеска на средба со премиерот Христијан Мицкоски. Средбата доаѓа откако премиерот  даде понуда за раст на платите за која УПОЗ рече дека е прифатлива и дополнително ќе се разговара во рамките на синдикалните организации.

Претходно, понудата на Владата беше прифатена и од КСС, предводен од Благоја Ралповски.

Во изјава за медиумите премиерот рече дека понудата е на маса повеќе од една година и дека е подготвен за средба и потпишување на колективниот договор за државни службеници.

За покачувањето на минималната плата пак и зголемувањето на платите за вработените во јавната администрација со синдикалните претставници, Мицкоски рече дека Владата има своја формула за пресметување на платите на вработените во администрацијата.

-Најголем дел од претставниците на синдикатите, и репрезентативните и од гранковите, се согласни со таа позиција на Владата, со неколку исклучоци. Формулата што ја нуди Владата во врска со тоа како ќе следи покачувањето на платите на административците етапно ќе значи повисоки примања за нив, а не само за онолку средства колку што ќе расте минималната плата, изјави премиерот.

Ќе пораснат ли платите на над 1.000 функционери од 200 до 250 евра?