Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Денеска треба да се знае од што добија салмонела учениците во Карпош

/

пред 1057 дена

Сподели преку :

Денеска би требало да биде готов извештајот кој треба да открие што го предизвика труењето со салмонела во училиштата во скопската општина Карпош. Претходната недела Агенцијата за храна и ветеринарство и здравствениот инспекторат зедоа мостри од храната но и од површините на кујните каде учениците ја добивале ужинката, а од страна на инспекторатот со решение времено беа затворени кујните во сите шест посетени основни училишта, како и централниот магацин на фирмата која доставува храна.

Здравствената состојба на сите 12 деца кои имаа труење од салмонела е стабилна и ниту едно од нив не беше хоспитализирано. Меѓувреме немаше информации дали се пријавени нови случаи.