Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Денеска во Лондон ќе биде потпишан договорот за стратешко партнерство меѓу владите на Македонија и на Велика Британија

/

пред 509 дена

Сподели преку :

Договорот за стратешко партнерство меѓу владите на Македонија и на Велика Британија, со кој земјава добива на располагање историски најголем обем на средства од пет милијарди фунти за реализација на капитални проекти, ќе биде потпишан денеска во Лондон.

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски потсети дека станува збор за проекти во делот на транспортот, здравството, образованието, енергетиката, технологијата, како и во областа на животната средина. Досега е разговарано за три сета на проекти што се веќе потврдени – брзата пруга на Коридор 10, од Табановце до Гевгелија, потоа изградбата на болниците во Кичево, Тетово и во Штип, и третиот изградба на медицински факултет и студентски дом во Штип.

Николоски кажа дека по потпишувањето на договорот влада со влада и по ратификацијата што ќе следи во македонското Собрание, ќе почнат и официјални разговори во однос на начините на финансирање и начините на реализација на овие проекти и за многу брзо време ќе објават детали по однос на нив.

Во текот на вчерашниот ден тој имаше и неколку политички средби на агендата, а оствари средба и со директорот на ирскиот нискобуџетен авиопревозник „Рајанер“ на која станало збор за можноста за нови летови во земјава.