Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Депонија со блокирана сметка – видео надзор купиле пред 7 дена … Дрисла, со добивка 80 илјади евра во 2024-та година

/

пред 405 дена

Сподели преку :

Скопскиот гигант за депонирање смет 5 дена пред пожарот набавил камери за видеонадзор, а ден потоа е со блокирана сметка заради 6 долгови во висина од 7 илјади евра.Оттаму велат, дека не загадуваат, ниту горат отпад. Истражителите да откријат кој потпалува.

„Апелираме до МВР да пристапат кон истрага за изнаоѓање и санкционирање на потпалувачите на пожарите, кои се сомневаме дека се политички мотивирани за дефокусирање од реалните проблеми, се вели во известувањето од Ј.П. „Дрисла“.

Се огласи Дрисла по отровниот пожар и сокри една информација важна за истрагата … Ако некој потпалил дали тоа може да се види на видеонадзорот. Но, кој видео надзор на најголемата депонија во земјата? Од јавно достапните информации на претпријатието за јавни набавки се гледа дека во јуни претпријатието одлучило да набави 26 камери за надворешен видеонадзор, да опреми соба за надзор и да го поврзе целиот систем на камери со илјадници метри кабел. Само 4 дена пред пожарот на депонијата Ј.П. „Дрисла“, директорот става потпис на договор за видеонадзор во вредност од 25 илјади евра со компанијата „Солутион – М“.

Пожарот во Дрисла запали посилен оган во јавноста и одново го отвори прашањето кој управува со скопскиот отпад, и кои се реалните проблеми на компанијата? Ако се вратиме во 2014-та Дрисла требаше да прејде во раце на италијански инвеститор кои се обврза дека со 73 милиони евра за 5 години ќе изгради модерна фабрика за рециклирање отпад … По, 5 години управна постапка и нула влог, тогашниот градоначалник Петре Шилегов на крајот од мандатот успеа да ја врати во владение на Град Скопје.

Денеска јавното градско претпријатие е 8 дена со блокирана сметка заради долг од 7 илјади евра. Шест блокади на една од трансакциските сметки, долг неплатен од 2024-та и 2025-та година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок за доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, кој во вкупен извоз е повисок од 120.000 денари, односно 300.000 денари за правни лица. Должи, но и заработува. Велат, оттаму, Дрисла не гори отпад, туку стерилизира со единствениот акцелератор за медицински отпад.

„Депонија Дрисла без вакви намерни инциденти нема никаков потенцијал за загадување и работи според највисоки стандарди, и е единствената санитарна лиценцирана депонија која од 2022 година не согорува отпад туку со автоклав стерилизира и компримира со што од истата нема никаква можност за загадување“, се вели во известувањето до медиумите.

„Дрисла“ од година во година прима најразличен отпад со домаќинствата и компаниите, за 10 отсто поголеми количини односно во 2023-та на ридиштата затрупале 237 илјади метри кубни смет.

За оваа услуга монополот „Дрисла“ наплатил три милиони шестотини осумдесет и пет илјади евра, а 2024-та годината ја завршиле со добивка од незначителни 79 илјади евра. Во ендекот над с. Батинци, на отворено во општината Студенчини за 31 година постоење се затрупани безмалку 5 милиони тони отпад во десетици метри длабочина.

Павле Беловски