И по десет дена нема ни трага ни глас од поранешниот вицепремиер Артан Груби кој е во бегство откако надлежните го осомничија за криминали поврзани со случајот Државна Лотарија.
По него распишана е и меѓународна потерница но МВР до сега нема информации каде тој се наоѓа.
Груби земјава ја напуштил на 15 декември преку граничниот премин Долно Блаце со помош на полицаец, кој му дозволил да помине без контрола.
Поранешниот конзул на Косово, Арсим Папранику, е лицето кое патувало со него и кој е осомничен за негов транспорт до Албанија.
МВР не дава конкретни информации, но се претпоставува дека Груби се наоѓа на локација во близина на Драч.
Меѓувреме советничка за медиуми на албанскиот претседател Еди Рама, Арта Сакја, во изјава за БИРН потврдила дека Поранешниот вицепремиер и високиот функционер на ДУИ, не поседува албанско државјанство.
Проверките во Албанија не пронашле записи дека Груби добил албанска патна исправа.
Шпекулациите за неговото албанско државјанство се засилија по изјавата на вицепремиерот Изет Меџити дека Груби се наоѓа во Албанија.
Груби е неодамна се најде на црната листа на САД поради вмешаност во корупција поврзана со судски процеси.











