Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Десет осигурителни компании под лупата на КЗК за картелско здружување

/

пред 596 дена

Сподели преку :

Десет осигурителни компании се „под лупа“ на Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК), поради сомневања дека минатата година формирале картел и се договориле да ги зголемат режиските трошоци. Станува збор за одлуката на осигурителните компании од април минатата година, меѓу двата изборни круга, со која ја поскапеа премијата за 15 проценти, што резултираше со дополнителни трошоци за граѓаните и до 1.200 денари при регистрирање на возилата.
Во соопштението на Комисијата стои дека имаат докази прибрани при увид во канцелариите на осигурителните компании, како и докази прибрани од нивната меѓусебна комуникација.

„Десетте осигурителни компании, преку усогласено однесување, ја замениле состојбата на непречена конкуренција на релевантниот пазар, со состојба на практична соработка меѓу претпријатијата, чија цел е нарушување на конкуренцијата преку зголемување на продажната цена на премијата/процентот за вршење на дејноста на осигурување (режиски додаток), што е дел од премијата за осигурување на сопствениците на моторни возила од одговорност за штети предизвикани на трети лица и задолжително се плаќа при регистрацијата на моторни возила“, се вели во соопштението на КЗК.

Извори од осигурителните компании за Телма брифираат дека тие имале законска можност да ја зголемат цената за автоодговорност или режискиот додаток, кој всушност претставува трошоците во работењето кој бил на сила од 2008 година, бидејќи условите на пазарот налагале промена, како и дека обвинувањата за картел не се точни, бидејќи секоја од 10-те компании имала различен процент на зголемување.

Одлуката на осигурителните компании, на барање на министерството за финансии, на седница на Влада беше укината и беа воведени лимити на трошоците, а потоа беше доставена и пријава до Комисијата за заштита од конкуренција.

Огнен Чанчаревиќ