Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Десетици илјади Палестинци, после една година, се враќаат во нивните домови

/

пред 631 дена

Сподели преку :

Со најнеопходните работи кои можеа да ги земат в раце, некои туркаат и колички, уморни и во неизвесност , но сепак со насмевки на лицата. Недогледни колони луѓе чекорат по источниот брег на Средоземното море, најтешко погодениот дел на Појасот Газа.

Десетици илјади Палестинци, после една година помината со сиромашните кампови каде живееја под шатори, желни се да се вратат на својата земја, иако знаат дека нивните домови се оштетени и уништени. Многумина сметаа дека нивното враќање е чин на непоколебливост по израелската воена кампања, која беше започната како одговор на нападот на Хамас од 7 октомври 2023 година, и како отфрлање на предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп голем број Палестинци да се преселат во Египет и Јордан.

  • „Фала му на Бога во секој случај. Му благодариме на Бога што и да ни се случи. Ќе останеме непоколебливи илјада години, и покрај Нетанјаху, и покрај Трамп и покрај арапските предавници, ќе останеме непоколебливи и ќе ги ослободиме сите арапски земји“ изјави раселен Палестинец.
  • „Дојдовме од Газа, од север до овде за да можаме да се сретнеме. Не сум ги видел моите од првиот ден на војната. Се напуштивме, го напуштивме Северот и преживеавме фала му на Бога што ќе се сретнеме по 470 дена“ раселен Палестинец.

По постигнувањето на договорот за прекин на огнот по 15-месечна војна Израел им дозволи на раселените Палестинци да се вратат во северните делови на Појасот Газа. Прекинот на огнот има за цел да ја прекине најсмртоносната и најразорната војна што некогаш се водела меѓу Израел и Хамас. ЕУ, која поддржува решението за две држави,   очекува овој договор да донесе траен мир.

  • „Газа и народот на Газа претрпеа многу. Мислам дека и Палестинците и Израелците заслужуваат мир и затоа навистина треба да преминеме од прекинот на огнот кон потраен мир. И затоа Европа го поддржува решението за две држави, се разбира, поддржувајќи ја безбедноста на Израел, но и правата на Палестинците. Европа е најголемиот поддржувач на Газа со хуманитарна помош, но и УНРВА во Обединетите нации. Така, ние продолжуваме да ги поддржуваме луѓето“ изјави Каја Калас, шефица за надворешна политика на ЕУ.

Околу милион луѓе побегнаа на југ во октомври 2023 година, додека стотици илјади останаа на северот, кој имаше некои од најтешките борби и најлошото уништување на војната.

Билјана Ставрова