Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Десетина илјади луѓе на протест во Белград против ископ на литиум – приведени над 15 лица меѓу кои и двајца странски државјани

/

пред 801 дена

Сподели преку :

Десетина илјади луѓе излегоа на протест во Белград на кој кажаа „не“ за ископ на литиум. Тие побараа и законско решение за забрана на ископ на литиум насекаде низ земјата.

Ископот на литиум е планиран во Јадар, родна земјоделска долина во западна Србија, која претставува една од најбогатите наоѓалишта со благородниот метал во Европа. Литиумот се користи за производство на батерии за електрични автомобили и важи за клучен за глобалната транзиција кон зелена енергија.

И додека власта инстистира дека рудникот, со кој би менаџирала мултинационалната компанија „Рио Тинто“, е можност за економски развој, критичарите сметаат дека ќе неповратно загадување на долината Јадар, меѓудругото и на подземните води, на земјоделското земјиште и на двете реки што минуваат низ неа.

Иако протестот во Белград мина во мирна атмосфера, приведени се над 15 луѓе меѓу кои и двајца странски државјани. Против сите ќе бидат поднесени соодветни пријави.