Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Девет европски земји бараат од Европската комисија да ги олесни контролите на границите

/

пред 87 дена

Сподели преку :

Девет  земји членки на Унијата – Белгија, Франција, Германија, Грција, Италија, Малта, Холандија, Португалија и Швајцарија, му пишале  на комесарот за внатрешни работи Магнус Брунер дека првите месеци од имплементацијата на системот за влез/излез на границите откриле „значајни тешкотии“ кои не треба да се потценуваат.

Во писмото кое го испратиле на 7 јули, а кое го виделе новинари на Политико, потписниците ја повторуваат својата поддршка за новиот систем но истовремено бараат од Европската комисија да  им дозволи на земјите-членки да го користат вградениот механизам за итни случаи по 6 септември 2026 година, кога таа опција истекува.

Овој механизам им овозможува на граничните власти привремено да го суспендираат земањето отпечатоци од прсти и скенирање на лица од патници во исклучителни околности за да се намали метежот, а сепак да се евидентираат сите влезови и излези од Шенген зоната.

Портпаролот на Комисијата, Маркус Ламерт, рече дека постојното законодавство веќе вклучува одредена флексибилност, вклучително и можноста за привремено суспендирање на собирањето биометриски податоци во текот на летото, и додаде дека Комисијата останува во „близок и конструктивен контакт“ со „неколку земји-членки“ кои имаат тешкотии на одредени гранични премини.

„Постои силна заедничка волја системот да функционира добро насекаде“, рече Ламерт.

Воведувањето на новиот систем за контрола на границите предзивикува долги редици и тешкотии во практицирањето посебно за време на летната туристичка сезона.

Политико нагласува дека „досега, Комисијата не даде никакви индикации дека има намера да ги продолжи сегашните флексибилности по 6 септември или да го суспендира механизмот пошироко“.