Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Девојче се обидело да се самоубие не можејќи да го трпи малтретирањето од таткото

/

пред 106 дена

Сподели преку :

15-годишно девојче од Скопје се обидело да се самоубие, не можејќи да го издржи малтретирањето од таткото. Обвинителството соопшти дека против 56-годишниот татко повеле постапка за Загрозување на сигурноста.

Осомничениот подолго време психички и физички ги малтретирал сопругата и нивните две деца на возраст од 18 и 15 години, но од страв не го пријавувале, сè додека девојчето не можејќи веќе да ги издржи заканите, навредите и притисокот од таткото не се обидело да си го одземе животот.

Постапка за семејно насилство е поведена и против 33-годишен скопјанец. Ја малтретирал сопругата додека се возеле со автомобил, по што таа во возење ја отворила вратата и скокнала од возилото. Тој застанал и сакал со сила да ја внесе во колата.

На двајцата осомничени судот им изрекол повеќе мерки за претпазливост, меѓу кои и забрана за приближување до оштетените.