Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Џолев го одби барањето на Палчо за изземање на судијата Стефановски

/

пред 641 дена

Сподели преку :

Претседателот на Основниот кривичен суд Скопје, Иван Џолев, одлучи да не го прифати барањето на Љупчо Палевски за изземање на судијата Ивица Стефановски од случајот со киднапирањата и убиствата на 14 годишната Вања Ѓорчевска и Панче жежовски.

Палевски побара изземање на судијата, тврдејќи дека тој бил пристрасен и не му дозволил правична одбрана.

Судската одлука беше донесена на 25 декември и беше оценето дека барањето не е основано.

Судењето за убиствата на Вања и Панче продолжи денес со изведување на преостанатите материјални докази, вклучително и форензички анализи на мобилни телефони.

Клучен сведок, Гоце Трајковски, кој водел паралелна истрага со Александар Ѓорчевски, таткото на Вања, останува недостапен за полицијата и се наоѓа во бегство откако претходно дој беше осомничен за подметнување пожар во угостителски објект.

Обвинетите во случајот, меѓу кои Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов се изјаснија дека не се чувствуваат виновни за грабнувањето и убиствата на Вања и Панче.

Таткото на Вања, и Александар Ѓорчевски е осомничен за помагање во киднапирањето на неговата ќерка.