Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Дијабетичарите без современа терапија – бараат решение од министерот

/

пред 474 дена

Сподели преку :

Дел од пациентите со дијабетес се жалат дека сè уште немаат пристап до новата инсулинска и современа антидијабетична терапија. Од Сојузот на дијабетичари велат дека по повеќе од 10 години чекање, конечно треба да се седне и да се одлучи како пациентите да добијат поквалитетна терапија, достапна и навремена, а не да се третираат како пациенти од втор ред. Го повикуваат министерот за здравство итно да го реши проблемот.

„Да набавиме квалитетна терапија за лицата со дијабет и да превенираме да не дојде до комликации. Терапиите да бидат ставени на позитивна листа, а оние со тип 1 да добијат сензори. Овие се основни барања кои ги имаме, а им се достапни на сите дијабетичари низ Европа“, побара  Диме Велев, сојуз на дибетичари.

Тие реагираат дека и помагалата како глукометри и сензори се набавуваат по најниска цена, без да се гарантира квалитет, а дополнително стравуваат и од најава за ревизија на веќе препишаната терапија, не од матичните ендокринолози, туку од комисија во Министерството. Ресорниот министер, пак, прашан за нивните барања вели дека е отворен за разговор и најавува решение кое нема да им наштети на пациентите.

„Јас лично имав средба со таа група на граѓани, а денеска имам средба со експертска група и наскоро ќе излеземе со решение кое нема да им наштети на дијабетичарите“, одговори Азир Алиу, министер за здравство.

Во петокот министерот ја имаше првата отворена средба со граѓаните, на која разговараше со околу 40 пациенти. Тие пријавиле дека здравствените работници им побарале мито, биле игнорирани или прегледани со доцнење. Пациентите бараат да не бидат дискриминирани и конечно, како и останатите низ Европа, да добијат терапија соодветна на нивната здравствена состојба.

Тамара Марковска