Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ДИК: Излезноста на гласачи до 9 часот помала во однос на 2019 година

/

пред 878 дена

Сподели преку :

Државната изборна комисија информираше за излезноста до 09 часот, односно два часа по отворањето на гласачките места.

Претседателот Александар Даштевски истакна дека и за претседателските и за парламентарните избори излезноста е намалена во споредба со претходните изборни циклуси. Денеска најмала излезност има во Боговиње, односно 0,57 отсто  за претседателските или 1,47 посто за парламентарните, а според податоците на ДИК најголема излезност за претседателските избори имало во Пробиштип 8,8%, а за парламентарните во Кривогаштани.

Даштевски одрекува дека постои бојкот на одредени места и тврди дека податоците на ДИК се најверодостојни и тие не го покажуваат тоа. Технички проблеми кои се решаваат имало на избирачки места во Кочани, Охрид, Куманово, Тетово и Гази баба. Во ДИК пристигнале 15 приговори, од кои само три се одбиени.

Државната изборна комисија информираше за излезноста до 09 часот, односно два часа по отворањето на гласачките места.