Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Димитров: Комесарот Вархеји имаше исклучително негативна улога, немаше друг претставник на ЕУ што се залагаше за мешање на пристапниот процес со еден тежок спор

/

пред 495 дена

Сподели преку :

Бугарија е првиот проблем во сите анкети во последните години во кои има прашање „која држава ни прави проблем?“, „каде имаме непријател?“, „каде имаме невилја?“, спорот со Грција е решен и таа се помалку и помалку е проблем, тоа се чувствува и во јавното мнение, вели Никола Димитров, поранешен министер за надворешни работи, во вечерашното интервју во „Вин-Вин“ на ТВ Телма.

„Ние имаме нерешен проблем кој што стана исклучително сложен за решавање, бидејќи се измеша со европскиот процес, со процесот на реформи. Тоа беше прашање што прво го оневозможував додека бев во влада, како вицепремиер за европски прашања, кога речиси сите други земји членки јасно укажуваа дека за да се внесат идентитетски и историски прашања во пристапниот процес, ќе биде Пандорина кутија за проширувањето. И колку и да велиме дека ова е преседан што се прави само еднаш, ќе се јави некоја земја членка што ќе отвори сличен проблем врз основа на овој преседан со друга земја кандидат. Освен комесарот Вархеји, кој што мислам дека имаше исклучително негативна улога во оваа приказна, практично немаше ниту еден друг претставник на Европската комисија или друга институција во Брисел што се залагаше за мешање на пристапниот процес, Копенхагенски критериуми, демократски и економски реформи со еден спор што е исклучително тежок, бидејќи допира идентитет, допира историја, допира јазик, итн“, истакна Димитров.

Преспанскиот договор беше злоупотребен во политичкиот наратив дома и веројатно погрешно пласиран – Димитров во „Вин-Вин“