Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Димитров: Во овој момент не ни треба паушално зголемување на платите

/

пред 744 дена

Сподели преку :

Минималната плата и немањето работна сила ќе бидат камен на сопнување на социјалниот дијалог и за новата влада.

  • „Ние на првиот состанок го искажавме нашиот став за зголемување на минималната плата од 450 евра, бидејќи тие први настапија, па како одговор на тоа и нашиот став во врска со тоа барање, и потоа ги кажавме мерките, кои веќе и писмено ги доставивме до Владата, за кои прашања сакаме во идниот период да разговараме, а тоа се поголемите реформи кои не очекуваат. Во однос на минималната плата кажавме дека во овој момент не ни треба паушално зголемување од ракав, бидејќи ако се земат сите критериуми во однос на просечната плата и БДП по жител ние имаме многу голем однос во минималната плата, што ни прави ураниловка во бизнисот. Додека се сложивме дека треба да се зголемат сите плати во државата“ изјави Ангел Димитров, претседател на Сојузот на синдикати на Македонија.

Тој посочи дека во скоро 90 посто од предлози за реформи стојат во програмата на Владата, не дека тие тоа не го знаат, или очигледно и е страв да се зафати со овие реформи, или пак се уште ги фаќа конците со она што наследила.

  • Сметаме дека аргументите дека се на страна на работниците, и покрај забелешките од страна на работодавачите и Владата, но сметаме дека кога во услови потрошувачката кошничка изнесува 60 илјади денари, од кои 23 илјади се само за храна и пијалоци,  сметаме дека растот на платите треба да се случи, поради потешкиот живот на работниците“ изјави Трендафилов, претседател на ССМ.