Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Димовски: Победата во Кичево има големо значење, првиот круг ги мина изненадувањата, вториот во рамки на очекувањата

/

пред 351 дена

Сподели преку :

Позиционирањето во првиот круг беше поголемо изненадување, во принцип немаше многу големи изненадувања, рече Илија Димовски, поранешен пратеник во Собранието, во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма.

„Она што во вториот круг се очекуваше како резултат беше, веројатно, како ќе завршат изборите во Карпош, како ќе завршат изборите во Кичево. Другите општини и градот Скопје беа извесни со своите резултати“, рече Димовски.

Се е важно, додаде тој, „важно е какви ќе бидат резултатите на избраните градоначалници, базично“.

„Но, ако ме прашувате како член на ВМРО-ДПМНЕ, емотивно, можеби победата во Кичево можеби има огромно значење и за мене и веројатно и за сите кои се дел од таа политичка партија“, истакна Димовски.

С.Д.