Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Директорката на Трудовиот инспекторат најавува проширување на истрагата за вработувањата во М-НАВ

/

пред 986 дена

Сподели преку :

Проширување на истрагата за М-НАВ најавија од Државниот инспекторат за труд. Ова го вели директорката на инспекторатот, Весна Томовска, откако до ДИТ пристигнале претставки на кандидати кои се јавиле на последните огласи за вработување.

Покрај тоа, во поштата на Трудов пристигнала и анонимна претставка за синдикатот на М-НАВ.

Директорката Томовска вели дека ќе има координативен состанок со претставници на Управата за финансиска полиција, за да се види до каде се со надзорот и што е констатирано досега од обемната документација која е одземена.

Претходно, емисијата КОД на Телма објави детали за роднинските врски на дел од вработените во М-НАВ, со министри и други високи функционери.

Во емисијата за упадот во контролата на летање, се споменати сестрата на министерот за надворешни работи Бујар Османи од ДУИ, снаата на вицепремиерот Артан Груби и внукот на министерот за земјоделство Љупчо Николовски.

Во продолжение, ја пренесуваме изјавата за МИА на директорката на Државниот инспекторат за труд.

„Добиени се дополнителни претставки и надзорот ќе продолжи понатаму. надзор ќе се изврши и во Агенцијата за вработување, а исто така ќе се постапи и по новопримените претставки од страна на неизбраните кандидати. Значи имаме претставки од двајца неизбрани кандидати, имаме претставка од анонимен подносител за членови на синдидатот и таа ќе ја дадеме во обработка. тоа значи дека ќе се прошири надзорот и ќе нѝ треба повеќе простор и време“ вели директорката на Државниот инспекторат за труд, Весна Томовска во изјава за МИА.