Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Директорот „митаџија“ од Геријатрија исклучен и од партијата на Таравари

/

пред 558 дена

Сподели преку :

Директорот на Геријатрија Мухсин Арифи кој во моментов е во притвор поради сомнение за барање огромни суми мито за вдомување на пациенти, на состанок на партијата на Таравари од чии редови доаѓа, а кој се одржал во текот на вчерачниот ден, е исклучен од членството.

Целта на вчерашниот состанок била да се разгледа токму овој случај. Од крилото на AА на чие чело е Таравари велат дека нема да толерира никаква злоупотреба, прекршување на законот или на Етичкиот кодекс на партијата.

Владеењето со чисти раце не е само слоган, туку морална и политичка обврска за секој член на АА, бидејќи довербата на граѓаните се стекнува и се одржува само со посветеност, чесност и интегритет – се вели во партиското соопштение.

Во случајот кој пред извесно време излезе во јавноста се дозна дека Арифи и негувател од Геријатрија се осомничени за примање 20 илјади евра „капар“ за да хоспитализираат неподвижна 42-годишна пациентка.