Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Дислоцирани бурињата со опасна содржина од дворот на ОУ „Браќа Миладиновци“

/

пред 1436 дена

Сподели преку :

Од Основното училиште „Браќа Миладиновци” попладнево соопштија дека денеска биле дислоцирани од школскиот двор бурињата за кои реагираат родителите.

Основното училиште „Браќа Миладиновци” ја информира јавноста дека простор за загриженост нема. Како што и претходно споменавме, станува збор за градежен материјал кој се користи за изградба на новите простории во училиштето, во спротивно истиот не би се наоѓал таму. Имајќи ги предвид реакциите на родители, разбирајќи ја нивната загриженост во најкраток можен рок, уште утрово извршена е целосна дислокација на материјалот и бурињата надвор од кругот на училиштето. Здравјето на учениците е наш приоритет и токму поради тоа инвестираме во нова подлога за спортскиот терен кои ќе бидат соодветна поддршка во нивното образование и развој, соопштија од училиштето.

 

Родители реагираат за буриња со опасна содржина во ОУ „Браќа Миладиновци“, директорката смирува