Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ДКСК ќе побара обвинителството да ги гони поранешните генерални секретари Рашковски и Зеќири

/

пред 1586 дена

Сподели преку :

Државната комисија за спречување корупција ќе поднесе иницијатива за поведување постапка за кривично гонење до Основното обивинителство против поранешните генерални секретари на Владата, Драги Рашковски и Мухамед Зеќири. Според сознанијата на ДКСК тие ја злоупотребиле службената со склучување авторски договори од страна на Генералниот секретаријат со лица од надвор.

Според Антикорупциската комисија, законска основа за оформување на овој предмет била објавата во медиумите дека Владата за потребите на Генералниот секретаријат со авторски догвоори ангажирала поголем број физички лица надвор од редот на вработените, при што биле исплаќани хонорари, кои само за еден месец изнесувале над 37 илјади евра.