Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ДКСК со ургенција до Владата за утврдување одговорност на директорот на Агенцијата за млади

/

пред 1270 дена

Сподели преку :

Антикорупциската Комисија (ДКСК) денеска испрати ургенција до Владата, бидејќи два месеца нема никаков одговор од Илинденска број 2 за утврдување на одговорност на директорот на агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсоски.

„Со оглед на тоа што законски утврдениот рок од 60 дена е изминат Државната комисија ја доставува оваа ургенција за постапување со цел Владата во најкус можен рок да одговори на доставената иницијатива за утврдување на одговрност а особено имајќи ги предвид прилините поради кои е поднесена иницијативата за одговорност“, велат од ДКСК.

Антикорупциската комисија побара кривична одоговорност од Мојсоски поради откриени финансиски малверзации при доделувањето на спортски ваучери и поради непостапување по забелешки на државниот ревизор кој утврди низа нерегуларности во системската поставеност на Агенцијата и начинот на кој се исплаќаат ваучерите и даде негативно мислење.

Од Владата не реагираа ниту на забелешките на ревизорите ниту на иницијатавата на Антикоруцопска а во меѓувреме директорот на АМС, Мојсоски, поднесе приватна тужба против членот на Комисијата кој го водеше предметот.