Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Последен премиерски ден на Ковачевски со лопата во рака- техничката влада и неговиот наследник ќе се изберат до недела навечер

/

пред 984 дена

Сподели преку :

Последниот работен ден како премиер, Димитар Ковачевски го помина со лопата в рака. Утре околу 10 часот, неговата оставка ќе биде испратена во Собранието. Во потпишувањето оставка ќе му се придружи и спикерот Талат Џафери, за да може в понеделник да влезе во неговиот кабинет на Илинденска.

Наредните четири дена се клучни во прераспоредувањата на релација законодавна-извршна власт и во влегувањето на опозицијата во Владата. Откако Ковачевски формално ќе го извести Џафери дека тој, а со него и целата Влада се во оставка, спикерот ќе го извести претседателот Стево Пендаровски за да упати барање до парламентарното мнозинство за нов мандатар. Оставките ќе бидат констатирани во петок, на седница што ќе ја раководи потпретседателот Горан Мисовски. Потоа, координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески, ќе биде избран за претседател на Собранието. Во сабота, Пендаровски треба да му го врачи мандатот на Џафери, а тој треба да ги предложи програмата за работа на Владата во наредните 100 дена и нејзиниот состав. В недела ќе има две собраниски седници: на едната ќе се гласа за избор на Влада во целина, а на втората за дополнителни заменици министри. Целата процедура треба да заврши до полноќ.

Ова сценарио ќе важи доколку мнозинството одлучи да гласа без оглед на воздржаноста на ВМРО ДПМНЕ.

-И тогаш и сега обврска е на владеачкото мнозинство да избере Влада за спроведување на изборите, т.е. Техничка Влада, во која министрите во МВР и во МТСП, како и дополнителните заменик-министерски места во МИОА, финансии и земјоделство кои ќе бидат по предлог на опозицијата. На власта не е да бира, изјави Ели Панова од ВМРО ДПМНЕ.

СДСМ и ДУИ ја повикаа опозицијата да ја гласа Владата и се заканија дека и тие би можеле да не гласаат. Пржинската Влада е воведена пред 8 години со консензус на сите партии. Најголемата опозициска партија треба да има двајца министри и тројца дополнителни заменици. Нејзина главна задача е спроведување демократски избори.

Соња Николовска