Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

До утрово изгаснати сите пожари на отворен простор

/

пред 439 дена

Сподели преку :

Сите пожари кои дивееја на територијата на државата до утрово се изгасени и во ментов, нема активни жаришта соопшти Центарот за управување со кризи.

Во текот на изминатата ноќ биле регистрирани вкупно 11 пожари, кои до 07:00 часот утринава се целосно изгаснати.

Пожарите се појавиле на различни локации, вклучувајќи нискостеблеста шума, сува трева, ниска вегетација и запалено ѓубре.

Меѓу поголемите интервенции се издвојуваат во село Стровија – Долнени, Богомила – Чашка, Грешница – Македонски Брод, како и на локации во Кичево, Делчево и Виница.

ЦУК апелира до граѓаните да бидат внимателни со палење оган  на отворен простор и да го пријават секое сомнително чадење или појава на пожар.