Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Додатоци на плати и награди за прекувремена работа кои не биле предвидени со Колективен договор – ревизорите открија низа неправилности во ИЈЗ

/

пред 126 дена

Сподели преку :

Државниот ревизор утврди низа неправилности во работењето на Институтот за јавно здравје за 2024 година – имало финансиски исплати што не биле предвидени со Колективниот договор, а се  доцнело и со објавување на  клучни извештаи за состојбата на здравјето на населението, меѓу кои и за влијанието на загадениот воздух. Дел од нив биле подготвени дури во 2025 година, кога веќе ја изгубиле својата актуелност и употребна вредност.

Пропусти има и во исплатата на плати и додатоци. Во Извештајот на ревизорите е утврдено дека со одлука на одговорно лице исплатени се 3.547.000 денари односно над 60. 000 евра како додатоци на плати на 144 вработени, а кои не се предвидени со Колективниот договор за здравствените работниците. Исплатени биле пари и за прекувремена работа од околу 3.287 000 односно повеќе од 53 000 евра на 100 вработени, а 16 вработени добиле околу 17.000 евра за прекувремена работа од 190 часови што е над законски дозволениот максимум.

Се исплаќале пари и  „за активна и пасивна приправност“ за што ревизорите напишале дека „овој облик на работа не е утврден со општ акт со кој ќе се определи најдолго прифатливо време за доаѓање на работа во случај на ангажиран повик“. За прекувремена работа, пари добиле и тројца вработени како  технички персонал иако овој додаток е законски предвиден само за здравствените работници.

Ревизорите утврдиле и дека пописот на побарувањата не бил извршен во целост, а за побарувања во вредност од 18,2 милиони денари, постари од три години, не биле преземени активности за наплата. Констатирани се и неправилности поврзани со ангажирање лица со договор на дело, како и недоследности при издавањето под закуп на простор во сопственост на Институтот.

Ревизорите утврдиле и дека активностите предвидени во Националната годишна програма за јавно здравје не се реализирани во целост, при што секоја година се планираат исти мерки кои потоа не се спроведуваат целосно. Според извештајот, ваквата состојба го отежнува согледувањето на реалните состојби во здравствениот систем и го ограничува креирањето на соодветни јавно-здравствени политики.