Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Додека Русија го славеше 9-ти Мај, ја бомбардираше Одеса, загина еден човек

/

пред 1608 дена

Сподели преку :

Трговски центар и два хотели биле погодени доцна синоќа во руските напади во пристанишниот град Одеса. Седум проектили Кинџал, новите руски хиперсонични ракети, биле истрелани од авиони и погодиле „цели на туристичката инфраструктура“. Црн и густ чад го обои небото врз историското пристаниште, но поради полицискиот час улиците во градот беа празни.

Загина еден човек, а петмина се хоспитализирани.

Нападите се случија доцна во понеделникот, истиот ден кога претседателот на Европскиот совет Шарл Мипел беше во градот.

Шарл Мишел рече дека видел силоси полни со жито, пченица и пченка во Одеса кои биле подготвени за извоз – но блокирани.

Заканата за глобалната безбедност на храната беше нешто што го истакна претседателот Зеленски во неговото ноќно обраќање.