Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Додека сум жив ќе плачам за нив – министерот Весиќ најави оставка по трагедијата на железничката станица во Нови Сад

/

пред 699 дена

Сподели преку :

Министерот за градежништво, сообраќај и инфраструктура на Србија, Горан Весиќ најави дека утре (5 ноември) и официјално ќе поднесе оставка за трагедијата на железничката станица во Нови Сад.

Весиќ на вонредна прес-конференција во Белград рече дека не прифаќа вина за несреќата, но оставката ја поднесува „како одговорен човек“.

„Не можам да прифатам вина за смрт на 14 луѓе, бидејќи ниту јас, ниту луѓето кои работат со мене немаат трошка одговорност за трагедијата што се случи“, рече Весиќ.

Весиќ истакна дека како министер „не донел ниту еден акт кој би можел да има влијание врз исходот на проектот“ за реконструкција на железничката станица во Нови Сад.

Тој го повика обвинителството да утврди одговорност за смртта на 14 луѓе. Наведе дека „сите овие денови трпел навреди и напади од оние кои се секоја трагедија се обидуваат да ја злоупотребат“.