Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Доделени награди од ЗНМ и УНДП за најдобри стории за загадувањето на воздухот

/

пред 223 дена

Сподели преку :

Здружението на новинарите на Македонија, во соработка со Програмата за развој на Обединетите нации, со финансиска поддршка од Шведска, ги додели наградите за најдобри новинарски стории за 2025 година на тема „Справување со загадувањето на воздухот: јакнење на јавната свест за проблемите и можните решенија“.

Прва награда доби Михаил Милошевски за сторијата „Уште пет града дознаа што им го загадува воздухот – што ќе преземат градоначалниците?“, објавена на „360 Степени“. Втора награда беше доделена на Бојан Блажевски за сторијата „Властите виновни за занемарувањето на македонската депонија со фосфогипс“ – објавена на „Призма“. Трета награда ја доби Владимир Калински за сторијата „Секој здив боли“ објавена на „Радио Слободна Европа“, а посебно признание беше доделено  на Орце Костов од „Фокус“ за сторијата „Ниедна мерка не дава резултат, скопјани дишат најотровен воздух во Европа“.