Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Доделени наградите „Златен Глобус“ за 2024, „Круна“, „Опенхајмер“ и „Барби“ меѓу наградените

/

пред 1000 дена

Сподели преку :

Серијата „Круна“ можеби заврши, но љубовта кон серијата е вечна. Синоќа, на Златните глобуси 2024 година, Елизабет Дебицки, која ја игра принцезата Дијана во последните две сезони, го однесе трофејот за најдобра споредна женска улога во драма.

Златен глобус за најдобар филм на годината во жанрот комедија или мјузикл го освои филмот „Poor Things“, додека во категоријата драма ова признание го освои „Опенхајмер“.

Килијан Марфи доби Златен глобус за најдобар актер во драма за улогата во филмот „Опенхајмер“ дефинитивно е шампион на вечерта, со оглед на тоа што Златниот глобус за најдобар режисер на годината му припадна на Кристофер Нолан поради ова достигнување.

Филмот „Барби“ го освои Златниот глобус за филм со најголема заработка во 2023 година, што е нова категорија на оваа престижна награда.