Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Дојави за бомби во неколку училишта во Србија – на родителите им било јавено децата да останат дома

/

пред 1252 дена

Сподели преку :

Неколку училишта на територијата на Белград утринава добиле дојава за поставена бомба утринава, јавува српски Танјуг. Родителите не ги однеле децата на училиште, откако им било јавено за новите закани. Припадници на антитерористичките единици на полицијата се на терен.

Медиумите јавуваат дека дојави за бомби пристигнале во основното училиште „Дринка Павловиќ“ во центарот на Белград, ОУ „Васа Пелагиќ“ во Котеж и училиштето „Лаза Костиќ“ во Нов Белград.

Покрај ова училиште, пријави за подметнати бомби добиле и од основното училиште „Браќа Барух“ во Дорчол, „Бранко Ќопиќ“ во Видиковац, „Старина Новак“, „Вук Караџиќ“.

Исто така, во општина Обреновац утрово во 5 часот и 15 минути на електронските адреси на неколку основни училишта во Обреновац биле испратени анонимни пријави за експлозивни направи.