Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Дојави за бомби во училишта во Загреб

/

пред 617 дена

Сподели преку :

Средното Машинско-техничко училиште во Загреб, Фауст Врачиќ, утрово пријави дека добиле дојава за поставена бомба.
Полицијата е на лице место и врши увид на теренот. Поради безбедносни мерки, наставата нема да се одржува во утринска смена ниту во тоа училиште, ниту во соседното Електротехничко училиште, јавија загрепските медиуми.

„Неколку училишта во Загреб добија дојави за поставени експлозивни направи денеска. Во контакт сме со полицијата, чии деминери веќе вршат увид во училиштата. Сите ученици се целосно безбедни надвор од училиштата, а сите надлежни служби преземаат максимални мерки за што поскоро нормализирање на ситуацијата“, соопшти Град Загреб.