Врховниот суд на Колорадо донесе одлука со која забрани претседателскиот кандидат Доналд Трамп да се најде на гласачкото ливче за избор на претседател во таа држава бидејќи на 6. јануари 2021. година тој извршил востанички активности.
Противниците на Трамп одлуката ја окарактеризираа како историска и укажаа дека ова може да спречи тој да учествува на изборите, и да победи, за што води кампања повеќе од една година.
Од изборниот штаб на поранешниот претседател одлуката ја нарекоа недемократска и веднаш поднесоа жалба пред Врховниот суд на САД.
Одлуката е заснована на член од Уставот донесен во 1868. година која спречува избрани државни функционери кои кренале востание против САД да дојдат на власт.
Други судови низ САД се подготвуваат да донесат слични одлуки. Ако слични заклучоци се донесат во другите држави, Трамп ќе има огромни тешкотии, а можеби и ненадминливи, да осигура републиканска номинација и да победи на изборите во ноември 2024. година, пишува Вашингтон пост.
– Мнозинство од судот смета дека претседателот Трамп е дискфалификуван да држи функција Претседател според Делот три од Четиринаесеттиот Амандман на Уставот на Соединетите Американски Држави, се вели во одлуката.
– Затоа што тој е дискфалификуван, би било погрешен чин да се најде на списокот кандидати на претседателско првично гласачко ливче, се додава.
Врховниот суд на САД решава и по друга жалба на Трамп според која тој бара имунитет во еден од неговите случаи за кривични дела – обвинението подигнато во Вашингтон од специјалниот обвинител Џек Смит, а поради незаконски обид да ја спречи победата на претседателот Џо Бајден на изборите во 2020. година. Трамп негира дека направил какво и да било злосторство.
Врховниот суд на САД е највисока судска инстанца која ќе решава дали одлуката на Врховниот суд на Колорадо е законска. Одлуката е донесена со прегласување, со 4:3 гласови на врховните судии на Колорадо.
Колорадо има 10 електорски гласови од вкупно 538 кои се доделуваат на претседателските избори во САД. Кандидатот што ќе освои најмалку половина од електорските гласови станува Претседател на САД. На последните два изборни циклуси , Трамп изгуби двапати во Колорадо, и кога беше избран и кога претседател стана Бајден.











