Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Донесен заклучокот за зголемување на цената на километар – за опозициските советници одлуката е донесена без кворум

/

пред 694 дена

Сподели преку :

Во тензична атмосфера, со навреди и напуштање на седницата додека трае гласањето, претседателот на совет Трајко Славевски го донесе заклучокот за зголемување на цената по изминат километар, но без кворум тврдат советниците од опозициската партија. Оваа одлука според нив е незаконска, а најавија и претставка до инспекторатот за локална самоуправа затоа што не ја сметаат за валидна.

За советниците од ВМРО-ДПМНЕ одлуката на Славевски е легитимна , а потегот на опизициските колеги е театар.

Приватните превозници во средата престанаа да возат бидејќи иницијативата за зголемување на цената по изминат километар не се најде на дневен ред на тогашната седница на Град Скопје. Вчера, на состанок со советници од ВМРО-ДПМНЕ се договорија за покачување, на кое денеска се расправаше во градскиот совет.

Симона Петровска