Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Дополнувањата на Законот за полиција пред пратениците- се предлагаат полесни услови за полициски директор и началници

/

пред 446 дена

Сподели преку :

Во Собранието денеска седници ќе одржат Комисиите за образовани, наука и спорт, за одбрана и безбедност, за евроинтеграции и Законодавно правната комисија.

На Комисијата за одбрана и безбедност пратениците ќе се одржи амандманска расправа за предлозите на законите за внатрешни работи и за измените и дополнувањата на Законот за полиција. За двата закони поднесени се повеќе амандмани.

Амандманите предвидуваат наредните директори на полицијата да имаат факултет по општествени науки, а не безбедност. Идните полициски началници може да водат сектори и без раководно полициско искуство.

Полесни услови за полициски директор и началници, повторно се брише полициска станица Бит Пазар- предлог законот стигна во Собрание

На дневен ред на Комисијата за образование, наука и спорт е Предлог на закон за иновациска дејност, научно-технолошки развој и претприемништво, по скратена постапка.

Платформата за родова еднаквост остро се спротивставува на предложените измени на Законот за полиција

Измените и дополнувањата на законите за работното време на мобилните работници во патниот сообраќај и уредите за запишување во патниот сообраќај и на Законот за авторското право и сродните права, двата во прво читање, се на дневене ред на Комисијата за европски прашања.

Законодавно-правната комисија ќе го разгледа Предлог на закон за иновациска дејност, научно-технолошки развој и претприемништво, по скратена постапка.