Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Доживотен затвор за штипскиот угостител Стојанче Зарков, кој минатата година ја уби својата мајка

/

пред 244 дена

Сподели преку :

Казна доживотен затвор доби познатиот штипски угостител Стојанче Зарков, кој лани на 8 август во раните утрински часови ја уби својата 84-годишна мајка Марија Заркова.

Убиството го извршил во семејниот дом, со нож, по што се јавил на бројот за итни повици.

Судечкиот судија, Сашко Георгиев во Основниот суд во Штип на денешното изрекување на пресудата рече дека станува збор за најтешко кривично дело убиство, а заштитата на човековиот живот има апсолутен карактер и животот е природно човеково право.

Според архивата на судот, Зарков во три наврати е суден за сторени кривични дела семејно насилство.

  • Со овие кривични дела биле оштетени неговите мајка и неговиот покоен татко, при вршење на семејни насилства. Симптоматично за овој суд и Совет, е тоа што со овие пресуди, во две од нив исто така Стојанче, со нож со сечиво од 15см. Им се заканувал на своите родители, рече при читање на пресудата судијата Сашко Георгиев.

Зарков во текот на судењето, во два наврати даде исказ дека не се сеќава дали ја убил неговата мајка. Пресудата беше објавена во негово отсуство, кој е во притвор во Затворот-Куманово.

Во Основниот суд во Штип од 2020 година до денеска изречени се три казни доживотен затвор за сторени свирепи убиства, од кои едната е изречена  лани за убиецот на штипјанката Емилија Пешева, која беше задавена, а сторителот самиот се пријави во Полициска станица-Штип.

Викторија Јованова