Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Драмски театар организира крводарителска акција на Светскиот ден на театарот

/

пред 195 дена

Сподели преку :

Под мотото „Дарувај крв – одиграј ја најхуманата улога!“, Драмски театар- Скопје во
соработка со Црвен крст на РСМ – Општинска организација Карпош, в петок 27. март, организира
хуманитарна акција за дарување крв, со цел да се поттикне свеста за значењето на крводарителството и да се помогне во спасување човечки животи.

  • Со само еден чин на дарување, секој поединец може да придонесе за
    спасување нечиј живот, да даде надеж и да биде дел од еден синџир на
    добрина што ја прави заедницата посилна и похумана.
    По повод 27. март – Светскиот ден на театарот, а во духот на театарот – како
    уметност што ја слави човечноста, емпатијата и заедништвото – актерите од
    Драмскиот театар ги повикуваат сите граѓани да учествуваат во оваа
    благородна акција и да станат дел од еден чин на хуманост и солидарност кој
    има вистинска и непроценлива вредност, се вели во соопштението од Драмски театар.

Во знак на благодарност, секој крводарител ќе добие подарок – два билета за
театарска претстава за која сѐ уште има билети од редовниот репертоар во
текот на април.

Драмски ги повикува сите хумани граѓани да ја прифатат оваа иницијатива и заедно,
во годината кога ја одбележува 80-годишнината , да покажеме
дека театарот не е само сцена туку и простор на вистинска грижа, солидарност
и љубов кон човекот – порачуваат од Драмски.
„Дарувај крв – одиграј ја најхуманата улога!“ на 27. март од 11 до 17 часот во
фоајето на Драмскиот театар.