Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Дрво падна врз трамвај во Белград, околу 200.000 луѓе во БиХ без струја – снегот направи хаос во делови на Балканот

/

пред 660 дена

Сподели преку :

Снегот кој непрекинато врнеше во делови од Балканот направи хаос во регионот. Поодделни области останаа парализирани по дводневните врнежи.

Најкритична е ситуацијата во Србија и во Босна и Херцеговина. Во Белград паднаа десетици дрва, дел од едно заврши врз трамвај, во Младеновац попушти бандера. На подрачјето на Краљево без струја останаа околу 65.000 корисници.

Според метеоролошкиот завод на Србија, снежните врнежи во поедини делови ќе траат до четврток.

На планините се очекува снежна покривка од над 50 сантиметри, во Белград до 30-тина сантиметри.

Втор ден паѓа снег и во Босна и Херцеговина, каде без струја се околу 127.000 корисници. Без струја во Република Српска се околу 50.000 лица.

Во Кнежево е прогласена вонредна состојба, состојба на елементарна непогода е на сила во Котор Варош, во Теслиќ и во Дрвар. Во прекин е наставата во сите основни училишта во Бања Лука.